Категории

Кога сме заљубени сетилото за вкус не функционира правилно

Апетитот и пеперутките во стомакот не се комбинираат. Кога сме заљубени го губиме чувството за вкусот на храната.

Британските научници заклучиле дека кога сме заљубени често се блокира или „залажува“ сетилото за вкус. Тоа всушност не работи како што треба, па заљубената личност може да изеде нешто што е и апсолутно невкусно,а да не го одбие. Или пак во друг случај благиот оброк да го доживее како солен и обратно. Тотална збрка е многу реална во тој случај.
Истражувачите од Лондон до тоа сознание дошле на основа на студиите кои биле спроведени, а од кои заклучиле дека силната заљубеност доведува до тоа понекогаш да не ги разликуваме вкусовите. За тоа се криви хаотичните хормони.


Научниците објаснуваат дека хормоните влијаат не само на метаболизмот, стресот и нервозата, туку и на застојот во работата на сетилата за вкус.
Во текот на студијата, на испитаниците од двата пола им е мерено нивото на тестостерон и окситоцин (одговорни за препознавање на вкусот кај заљубените) во мигот кога вкусувале различни намирници.
Воочиле дека нивото на хормоните било во намалување, што е директен одговор на прашањето зошто сетилото за вкус кај заљубените не работи како вообичаено.