Категории

Кога сродната душа ќе го напушти нашиот живот, тогаш ги учиме овие важни животни лекции

Кога ќе ја пронајдеме вистинска личност, нашата сродна душа, целиот живот ни се менува. Но кога сродната душа ќе го напушти нашиот живот, тогаш ги учиме овие важни животни лекции.

Разбираме дека ништо не трае вечно. Колку и да се обидуваме да ги решиме проблемите со нашиот партнер, некогаш едноставно врската не успева.

Почнуваме да размислуваме за секој потег што го направивме, што ни дава шанса да растеме и да се развиваме. Осаменоста завршува како најдобар учител.

Учиме дека речиси секој однос е привремен и има рок на траење. Ова не приближува со пријателите и семејството. Почнуваме да ги вреднуваме луѓето кои ги сакаме.

Разбираме дека не постои “онаа” личност. Едноставно се заљубуваме и тоа е во ред.

Почнуваме да уживаме во сè што светот ни го нуди. Животот е многу повеќе од идејата за љубовта.

Мудро ги бираме сопствените битки. Откако ќе се дадеме некому, сфаќаме дека не се сите исто вредни.

Учиме да сакаме повторно, но, овој пат паметно.

Знаеме дека љубовта може да биде неизбежна сила, но дефинитивно не е најсилна.

Без разлика колку понекогаш се чувствуваме хаотично, треба да сфатиме дека крајот има совршена смисла. Болката и искуството треба да не инспирираат да станеме посилни и подобри луѓе.

Прегледи:
356
Објавено на:
30.11.2018