Катарина Конов беше Мис на Шведска во 2012 година, а инаку работи како личен тренер во една теретана во Мајами. Таа со своите 12.000 следбеници на Инстаграм редовно споделува совети за вежбање и здрав живот, но со последното видео го “излуде” светот.
На видеото се гледа како убавата Катарина вежба, додека на рамената ја држи својата пријателка.
Физичката подготвеност на поранешната мисица очигледно ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, па тие ја фалат, а една дама вели дека е импресионирана и дека таа би можела да го изведе истото само ако на рамената држи дете.