Категории

Кога вашето куче ќе ја навали главата, значи дека внимателно ве слуша?

Стручњаците тврдат дека кога вашиот миленик ќе ја навали главата настрана, внимателно го слуша гласот на својот газда и се обидува да ги идентификува познатите зборови и тонови. А сето тоа, се разбира, тој го поврзува со награда – омилената храна или прошетка

Љубовта нема граници, па така ни онаа која ја делат кучето и неговиот газда. А еден од начините, вашиот миленик да ја искаже е преку внимателно слушање додека сопственикот нешто му зборува. Да, тоа се случува! Ќе го препознаете тоа доколку забележите дека вашето куче цело време ја држи главата навалена на едната страна кога му зборувате.

Стручњаците тврдат дека кога тој ќе ја навали главата, се обидува да ги идентификува познатите зборови. И секако сето тоа го поврзува со награда – со омилената храна или прошетка. Мускулите на средното уво на кучињата се поврзани со делот на мозокот кој е одговорен за изразите на лицето како и движењата, па кога тоа ќе ја навали главата, се обидува да разбере што му зборува неговиот сопственик. Преслатко зарем не?