Кога ќе се сретнат овие хороскопски знаци, секогаш „летаат искри“. Некои комбинации на хороскопските знаци се предодредени за љубов, некои се идеални пријатели, а некои едноставно не се поднесуваат – ви откриваме кои се тие.
Водолија
Биковите, кои секогаш амбициозно ги пратат сите правила и имаат беспрекорно организиран живот, сонувачите родени во знакот на Водолија многу им одат на живци.
Риби
Креативната и емотивна природа на Рибите никако не ги поднесува гласните Стрелци кои се секогаш во потрага по внимание.
Овен
Овните речиси ништо не може да ги спречи во постигнување на своите цели. Тие се амбициозни и полни со елан и успешно ја извршуваат секоја задача. Луѓето кои се неодлучни, како Близнаците, кои поради своите непромислени постапки можат да ги спречат на патото до целта, за нив се трн во око.
Бик
Самоуверени, полни со доверба и духовни, Биковите тешко можат да ги разберат ситничарите како што се оние родени во знакот на Јарец.
Близнаци
Живите, комуникативни, а понекогаш и нервозни, Близнаци, не можат да најдат заеднички јазик со интровертните и пасивни Риби.
Рак
Полни со љубов, сочувство, романтичните Ракови можат лесно да се изнервираат поради променливите и темпераментни Шкорпии.
Лав
Самоуверените Лавови бараат внимание и не поднесуваат кога некој сака да им ја украде претставата. Не е ни чудо што многу често не се сложуваат со припадниците на својот хорокопски знак, Лав.
Девица
Секогаш се многу организирани, помалку невротични, многу уредни, но и луѓе кои живеат под стрес. Доколку сретнат некој кој им укажува на сопствените слабости, на пример друга Девица, тоа за нив не е воопшто забавно.
Вага
Ниеден знак не ужива во чесноста и мирот толку многу како Вагата. Кога ќе згрешат, веднаш признаваат и сакаат да го поправат тоа. Сосема спротивно од Овните. Тоа е една од причините зошто овие знакови не се поднесуваат.
Шкорпија
Сонувачите како што се Водолиите го излудуваат темпераментот на Шкорпиите кои имаат изразена потреба да стојат цврсто на земја.
Стрелец
Стрелците кои сакаат озбуда никако не поднесуваат ред и досада. Затоа многу ги нервираат пречувствителните Ракови како и преуредните Девици.
Јарец
Одговорните и точни Јарци не можат да ги поднесат превртливите Ваги.