Кога се работи за љубов, секој хороскопски знак е различен. Некои се заљубуваат брзо и успеваат да ја одржат љубовта силна со години. Додека на некои други потребен им е повеќе труд да го одржат вниманието насочено кон нивниот партнер.
Според астрологијата постојат хороскопски знаци кои имаат способност многу побрзо да се „изладат“ од врската. Еве кои се тие:
1. Близнаци
Близнаците се првиот знак по ова прашање. Тие функционираат на интелектуално ниво и неретко се емоционално недостапни. За да се стигне до нивното срце е навистина тежок пат, а според тоа што и самите тие одржуваат тешка комуникација со сопственото срце и не се приврзуваат лесно, многу побрзо се одљубуваат отколку што се заљубуваат.
Близнаците се познати по тоа што имаат доста симпатии и најчесто брзо се фасцинираат од некого, но сето тоа е доста површно и кога нештата ќе станат сериозни тие имаат тенденција да побегнат.
2. Вага
Вагите можат да се одљубат во рок од неколку дена а причината за тоа е тоа што создаваат своја идеална слика за оној во кој се вљубуваат и кога ќе откријат дека вистината не е таква и створиле илузија, тие многу брзо се разочаруваат и продолжуваат понатаму. Вагите се повеќе вљубени во идеата за љубовта, отколку во личноста.
3. Водолија
Причината поради која водолиите се одљубуваат е неретко комплицирана. Можеби од ваша гледна точка не постои причина поради која вашата водолија се одљубила од вас, но во нивната глава нештата работат на поинаков начин. Едноставно емоциите почнуваат да им избледуваат и сметаат дека веќе нема смисла да се држат за нешто кое полека изумира. Кога ќе заминат тие не гледаат назад.
4. Овен
Овенот ја обожава потерата. Тие имаат способност да ги избрзуваат нештата, а најчесто се вљубуваат избрзувајќи. Овните немаат време за губење па кога ќе видат дека направиле грешка, тие се одљубуваат преку ноќ. Тие не сакаат да даваат втори шанси кога првата ќе им биде изневерена и продолжуваат понатаму во потрага по друга личност која ќе ги исполнува нивните очекувања.