Категории

Кои ќе бидат најсреќните денови за вашиот хороскопски знак во 2017-та?

Вага

4-ти февруари до 16-ти февруари – Венера и Марс се во знакот на Овен, што ќе ги запали страстите кај вас. Ќе се загреете за нова личност и тоа ќе ви ја поттикне животната енергија.

14-ти октомври до 6-ти ноември – Опкружени сте со убавини, свесни сте за својата привлечност и со леснотија доаѓате до целите. Ова е период кога саканите личности ќе ви покажуваат колку ве сакаат.

Скорпија

17-ти октомври до 4-ти ноември – Меркур е во вашиот знак и ви овозможува пробивање на работно поле. Ако не сте верувале дека нешто е можно, во овој период ќе се убедите во спротивното.

9-ти декември до 31-ви декември – Марс и Јупитер ви носат голема активност во овој период. Нема да бидете мрзеливи и срамежливи, што ќе ви донесе нови деловни и љубовни победи.

Стрелец

1-ви февруари до 10-ти февруари – Венера и Марс ќе го запалат љубовниот оган и ќе ве однесат во прегратките на личност која ќе ве маѓепса со својата енергија и сила.

1-ви декември до 24-ти декември – Некој посебен ќе го најде патот до вашето срце. Венера во вашиот знак е симбол на благосостојба и голема љубовна среќа.

Јарец

1-ви јануари до 27-ми јануари – Ова е важен период за вашиот личен напредок. Среќата ќе пристигне по зближување на една важна личност од минатото.

14-ти декември до 31-ви декември – Мирни сте, силни и упорни во остварувањето на своите намери. Ќе имате голема поддршка од блиските и од многу луѓе кои ќе веруваат во вас. Искористете ја правилно.

Водолија

12-ти февруари до 28-ми февруари – Само небото ќе ви биде граница. Уверливи сте, самоуверени и прецизни во она што сакате да го постигнете. Успехот ќе затропа на вашата врата – отворете му со ентузијазам.

1-ви октомври до 17-ти октомври – Трудот кој го вложувате со месеци конечно ќе се исплати во кругот на семејството. Прославете го со најблиските.

Риби

12-ти јануари до 31-ви јануари – Ова е период кога може да се изборите за посакуваната деловна и љубовна позиција. Ќе бидете горди на она што ќе успеете да го направите овој период и покрај сите потешкотии.

1-ви февруари до 10-ти февруари – Продуктивни сте, свесни за сопствените вредности и со леснотија доаѓате до зацртаните цели. Среќата посебно ќе ве прати на поле финансии.

1 2

Прегледи:
557
Ознаки:
· ·
Објавено на:
05.02.2017