Категории

Кои намирници не треба да се чуваат во фрижидер?

Иако често веруваме дека чувањето на намирниците во фрижидер е најдобар начин за одржување на свежината, но со некои видови храна тоа не е случај.

Компир

Чувањето на компирот во фрижидер му го менува вкусот, затоа сместете го во хартиена ќеса која нема да ја задржува влагата како пластичните ќеси.

Леб

Ако го ставите лебот во фрижидер, најпрво ќе се исуши. Чувајте го на собна температура, а во случај да сакате да го спасите остатокот за кој верувате дека нема да стасате да го изедете пред да се стврдне – ставете го замрзнувач.

Кромид

Кромидот треба да стои на место во кое циркулира воздух, само внимавајте да не го оставите покрај компирот кој емитира влага затоа така брзо ќе се расипе.

Лук

На воздух може да издржи и до два месеци, затоа нема потреба да го ставате во фрижидер.

Домати

За нив исто е подобро да стојат на место на кое воздухот слободно циркулира, но внимавајте да не ги ставите во пластична ќеса. За да останат свежи што е можно подолго треба да ги ставите во хартиена ќеса.

Босилок

Ако го чувате во фрижидер брзо ќе овене и ќе ги собере мирисите од другите намирници и ќе ја изгуби својата посебна арома.

Авокадо

Со чувањето на ова овошје во фрижидерот, целосно го спречувате неговото созревање.

Маслиново масло

Треба да го чувате на ладно и темно место, но не во фрижидерот бидејќи ќе се згусне и ќе добие путераста текстура.

Мед

Нема никаква потреба да се стави во фрижидер, може да опстане на било кое место, ако добро е затворен. Фрижидерот може само да ја поттикне неговата кристализација

Прегледи:
459
Објавено на:
02.07.2016