Категории

Кои прашања имаат моќ да ни го променат животот? Бидете дел од настанот на мотивацискиот говорник Наде Молеровиќ

На 05.02.2020 од 18.00-19.30 мотивацискиот говорник Наде Молеровиќ ќе одржи интеракциски настан во Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје со капацитет од 300 слушатели. Гостин ќе биде Жарко Костиќ, мотиваиски говорник.

Кои прашања имаат моќ да ни го променат животот? Ако се плашиме од искреноста на одговорите ќе си живееме во страв од поставување суштински прашања. Тешките прашања го градат нашиот карактер. Ни помагаат да се пронајдеме себеси и да живееме со целиот свој потенцијал среќно и исполнето. Кои се вистинските прашања што имаат моќ да ви го променат животот?

Цената на влезницата е 500 денари.