Некогаш се сметало дека стапалата имаат сензуална поврзаност со гениталиите поради концентрацијата на нервни завршетоци што се наоѓаат таму. Но, при едно истражување во 2013 година, невролозите откриле дека стапалата се најнепривлечниот дел и од машката и од женската анатомија, кога станува збор за проучување на поврзаноста меѓу сексот и мозокот.
Па, кои се тогаш најсензуалните делови од женското тело, што ги возбудува најмногу и на кој дел од телото мажите треба да обрнат најмногу внимание?
Новото истражување на група канадски научници ги идентификува најерогените делови од женското тело, врз основа на допир, притисок и вибрации.
Научниците спровеле истражување во кое учествувале 30 жени на возраст од 18 до 35 години. Со помош на допир, притисок и вибрации тие ги проучиле клиторисот, малите усни, вагиналните и аналните маргини, страничниот дел од градите, ареолите и брадавиците на секоја од жените, и потоа ги споредиле со неутрални делови од телото, како на пример вратот, подлактицата и стомакот.
Резултатите само го потврдиле нашето знаење за ерогените зони кај жените. Кога станува збор за нежен допир, вратот и вагиналните маргини биле рангирани како најчувствителни, а ареолите како најмалку чувствителни. Клиторисот и брадавиците биле најчувствителни кога станува збор за задоволство, додека страничниот дел од градите и стомакот биле најмалку чувствителни. Клиторисот и брадавиците биле најчувствителни и на вибрации. Очекувано, клиторисот бил почувствителен на вибрации од сите останати делови од телото.
Генерално, женските гениталии биле почувствителни на притисок и вибрации отколку на допир. Научниците се надеваат дека овие наоди ќе доведат до позадоволителни сексуални искуства за жените, со оглед на тоа што сега нивните ерогени зони се научно докажани.