Категории

Кои се најголемите стравови на двојките пред да почнат да живеат заедно?

Ако сте во врска и решивте со партнерот да живеете заедно, тоа може да звучи мошне застрашувачки за вас. Некои се плашат од хигиената, други пак се двоумат дали се подготвени да го направат овој чекор. Но, не сте единствени со овие грижи. Во прилог ви ги прикажуваме најголемите стравови на луѓето пред да почнат да живеат под еден покрив со партнерот:

  • Моето момче сигурно сака да ме бара за жена… Се селиме заедно и тоа ми е мошне тешко! Мора да ми даде време
  • Јас се спремам да почнам заеднички живот со моето момче, додека сите мои пријатели раскинуваат врски. Верувам во нас, ама многу се плашам.
  • Жал ми е за мојот свршеник, бидејќи ќе почнеме да живееме заедно, а тој мисли дека претерувам кога му кажувам дека треба да ја отпушувам кадата секоја недела, со оглед на тоа колку коса ми паѓа.
  • Со момчето сум заедно шест месеци и за неколку недели ќе живееме заедно… Понекогаш мислам дека тој не го сака тоа, туку се чувствува принуден на тој чекор.
  • Се селам со моето момче во ист стан и се плашам дека неговите навики ќе ја уништат нашата врска.

  • Утре се селам со моето момче под ист покрив и многу сум нервозна. Чувствувам дека веќе сум носталгична.
  • Наскоро ќе почнам да живеам заедно со мојата девојка, но ќе ми фали мојот стан. Можеби не толку станот, колку мојата слобода.
  • Напнати сме и постојано се караме. Наредниот месец ќе почнеме да живееме заедно, се плашам дека нема да престанеме со кавгите.
  • Наскоро ќе живеам со моето момче и најголемиот страв ми е неговата реакција кога ќе открие дека се туширам многу помалку од што треба.
  • Се селам заедно со мојата девојка и нервозен сум да не ми ги мрази навиките.
  • Идниот месец ќе почнам да живеам со моето момче. Тој одбива да им го соопшти ова на неговите родители бидејќи тие се многу религиозни и нема да се согласат со тоа. Се чувствувам како да се срами да биде со мене.

  • Со мојот свршеник ќе живееме заедно. Мајка ми продолжува да прави планови за тоа што ќе се случи кога ќе раскинеме…
  • Ќе живеам заедно со моето момче и престрашена сум дека ќе се замразиме откако ќе почнеме заеднички живот.
  • Наскоро ќе живеам со моето момче и се плашам дека ќе му здосадам, ќе изгуби интерес и ќе најде некоја друга.
  • Ќе почнеме заеднички живот со моето момче, кое го сакам толку многу. Но, се уште се сомневам дали сакам да сум со него толку долго време, а тоа ме плаши.
  • Конечно ќе почнам да живеам со моето момче. Моите родители постојано ми велат дека ова може да е грешка. Сега веќе почнав да се плашам дека се во право.
  • Мислам дека го најдов совршениот и всушност ќе почнеме да живееме заедно. Само што понекогаш имам чувство дека ова не е вистинската работа која треба да ја направиме сега.
Прегледи:
371
Објавено на:
01.03.2016