Категории

Кои се придобивките од сокот од портокол?

Сокот од портокал е еден од соковите кој е најмногу консумиран. Покрај тоа што има совршен вкус, овој напиток е добар и за нашето здравје.

Сокот од портокал содржи високо ниво на витамин Ц и витамин А, кој е директно поврзан со здравјето на очите. Воедно се смета дека е важен за одржување на добриот вид и подобрување на истиот кај децата. Само една чаша сок од портокал содржи речиси 50% од неопходната дневна доза на овој скапоцен витамин.

Сокот од портокал исто така го регулира дигестивниот систем. Антиоксидансите што се наоѓаат во сокот од портокал, помагаат при забрзувањето на метаболизмот и регулирањето на дигестивниот систем, го спречуваат задржувањето на течностите и го елиминираат вишокот и штетни масти од детскиот организам.

Затоа, секое утро започнете го со чаша здравје.