Кои се слабите точки на вашиот хороскопски знак?
Овен
Вашата слаба точка е вешто прикриена, па делува како да ја немате, но ве убива самата помисла да останете сами, изолирани или болни, без никој да ве утеши во тешките моменти од животот. Иако сте храбри и силни, вашата слаба точка е семејството и затоа ви е потребен партнер кој секогаш ќе биде достапен за вас.
Бик
Оние кои не ве познаваат мислат дека можете да направите сè што ќе посакате. Но, сепак не сакате да ризикувате, посебно не кога има големи шанси да останете без финансиска поддршка. Станбениот простор и личностите кои ги сакате ви се двата главни приоритети без кои би биле изгубени.
Близнаци
Ваша слаба точка е нервниот систем, па вашиот противник може лесно да ве доведе до состојба на очај, доколку почне да ви ги тренира нервите. Тогаш не ви помага вродената снаодливост, ниту интелигенцијата, затоа што ве обзема паника. Затоа, избегнувајте ситуации во кои вашата немоќ, нервоза и депресивност може да биде лесно видлива.
Рак
Вашата загриженост е последица на вашата вродена несигурност и стравовите кои ве обземаат. Затоа, барате стабилен и сигурен партнер и се будите со помислата што ако го загубам? Статусот во друштвото ви е втората работа која ве загрижува.