Организаторите на најголемиот музички фестивал Coachella 2018 ги најавија овогодинешните ѕвезди. Станува збор за Еминем, Бијонсе и The Weeknd.
Mинатата година, Бијонсе го откажа својот настап поради бременоста. На нејзиното место се појави Лејди Гага. Затоа, оваа година таа ќе го исполни своето ветување кое го даде минатата година и ќе се врати на фестивалот.
Организаторите на Coachella вчера официјално потврдија дека на сцената, покрај Бијонсе ќе настапат и Еминем, кој за прв пат ќе се појави на големата сцена, како и The Weeknd, кој прв пат настапи на Coachella во 2012 година.
Публиката во Калифорнија оваа година ќе се забавува и со музиката на Kygo, Jamiroquai, St. Vincent, Дејвид Брн, Пост Малоне, Portugal The Man и многу други. Со сигурност, публиката може да очекува одлична забава.