Категории

Кој број чевли носите? Тоа покажува колку долго ќе живеете! (ФОТО)

Невообичаено истражување на шветските научници покажува дека бројот на чевлите кој го носите зборува колку долго ќе живеете.

Со истражување започнале 1987 година, кога учествувале околу 800 мажи и жени, додека новата студија  вклучува неколку илјади испитаници.

– Користевме компјутеризирани податоци за да ги споредиме сите области на Шведска. Проучувавме на која возраст починале и причината за смртта и откривме дека големината на чевли дефинитивно е поврзана со времето колку долго тие живееле- вели д-р. Ханс Бјорс, епидемиолог од Стокхолм.

Сепак, истражувачите забележале дека можно е луѓето да живеат подолго од тоа што големината на нивните чевли  зборува, но само доколку прифатат необично здравствено-ориентиран начин на живот, со посебно внимание кога станува збор за исхрана и вежбање.

Научниците составиле табела која покажува кој е тој опсег на години во споредба со бројот на чевли.

Прегледи:
419
Објавено на:
03.05.2017