Категории

Кој дел од денот е идеален за донесување одлуки? – Кога мозокот најдобро функционира

Донесувањето одлуки некогаш може да биде тешка задача, а научниците сметаат дека добата во денот во која ги донесувате има големо влијание.

Научниците тврдат дека делот од мозокот кој се вика лев путамен е клучен за функционирањето на системот, и го тестирале активирањето на тој дел од мозокот наутро во 10 часот и потоа во 14 и 19 часот.
Истражувачите од австралискиот универзитет Свенбурн тестирале 16 мажи така што им дале да решат една тешка коцкарска задача, додека истовремено биле ставени на магнетна резонанца. Резултатот покажал дека левиот путамен најслабо е активен во 14 часот.

„Претспотавивме дека мозокот во одредена доба од денот има поголеми очекувања за награда во однос на друга доба затоа што функционира на темел на еднодневен биолошки ритам“, велат истражувачите.

Психологот Ерик Баркер верува дека наутро треба да извршувате задачи кои бараат повеќе размислување. Од друга страна, работите кои не ве напрегаат ментално, можете да ги извршувате напладне.
Друго истражување спроведено во Америка во кое учествувале над 1500 работници покажува дека секој шест вработен барем еднаш неделно задремува на работното место поради премореност или поради тоа што не бил доволно одморен.
76% се чувствувале уморни секој ден а признале дека лошо ги извршуваат задачите затоа што не се наспале квалитетно.

„Вработените кои не спијат како што треба имаат лоша концентрација, помалку се способни да се носат со стресот и тешко донесуваат одлуки“, вели авторката на истражувањто Џенифер Тургис.

Прегледи:
598
Објавено на:
21.03.2021