Категории

Кој е најдобар извор на железо?

Препораки од брошурата Здрава бременост, за потребни хранливи материи во текот на бременоста.

Најдобар извор на железо се црвено месо, јајца, џигер, и житарици. Добри извори на железо се и сушеното овошје, мешункастите растенија и зелените лисја од зеленчукот.

Препаратите од железо земајте ги само по совет од лекар!

Витаминот Ц ја помага апсорпцијата на железо. Со правилна исхрана и со земање на производи богати со витамин Ц може да се избегне недостаток од железо во текот на бременоста.

Организмот не може да го складира витаминот Ц и затоа треба да се зема секојдневно.

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
515
Објавено на:
30.06.2017