Категории

Кој е патот до среќна и продуктивна личност?

Се прашувате која е тајната за среќна и продуктивна личност?

Нема никаква тајна, едноставно е, не одзема многу време, а Вие ќе бидете среќни како никогаш до сега!

Што треба да практикувате секој ден?

  • Будете се петнаесет минути порано од вообичаеното. Тие петнаесет минути значат многу, затоа што Вие убаво ќе се освежите и ќе се спремате без брзање.
  • Размрдајте го Вашето тело. Истегнете се, малку попешачете или потанцувајте. На тој начин ќе ги разбудите среќните хормони во Вашето тело, а Вие ќе се чувствувате полни со енергија.
  • Испланирајте го денот. Запишете ги главните работи што треба да ги завршите денес. Правејќи го тоа, Вие ќе имате повеќе контрола над работите и нема да чувствувате стрес и притисок.
  • Почастете се со здрав доручек. На Вашето тело му треба гориво после спиење.
  • Заблагодарете се за сите убави нешта коишто Ви се случуваат.
Прегледи:
250
Објавено на:
13.12.2023