Категории

Кој е подобар во кревет – мажите или жените?

“YouTube” блогерката Аријел Скарсел собра три бисексуалки (жени кои спијат и со жени и со мажи) по име Миа, Рејчел и Крис, за да одговорат на прашања во врска со тоа кој пол е подобар во кревет.

Кој звучи подобро за време на сексот?

Им се извинуваме на мажите, но изгледа дека дамите прават подобри секс звуци.

“На жените би требало да им се поклонат за ова. Дали е тоа воопшто прашање?”, вели Рејчел.

Миа се согласи со објаснувањето: “Ние жените сме сексуално експресивни. Поприфатливо е за жена да биде отворена кога станува збор за задоволството кое го чувствува поради моделот кој го направија порно филмовите”.

Дали е важна големината на пенисот во сексот со мажите?

“Кога се забавував со мажи само си мислев ‘Те молам да не е преголем'”, истакна Крис.

“Ако си способен да ме задоволиш користејќи ги рацете, играчки, устата – сето тоа е во ред”, додаде Миа.

Но, кој е подобар во сексот?

На основа на изјавите од овие дами, обата пола имаат позитивни и негативни страни кога доаѓа до акција во креветот.

“Мислам дека жените се подобри во орален секс. Кога имаат секс со некој тоа е големо искуство, како ќе биде зависи од поединецот. Не би рекла дека некој пол е подобар од другиот во кревет”, заклучи Рејчел.

“Двата пола се добри на различни начини, но кога имам секс со девојка се е во врска со задоволувањето на моите потреби”, беше одговорот на Миа.

Крис сепак мисли дека сексот со мажите е полесен…

“Не постои целата таа опрема од страна како кај лезбејките. Не мораш да му кажеш на некој во некој момент: чекај морам да одам да го земам вибраторот. Лесно е, не мораш да размислуваш многу и не постои подготовка пред сексот”.

Прегледи:
664
Објавено на:
26.02.2016