Категории

Кој ќе згреши денес, гревот ќе му остане до судниот ден: Црна среда им ги исполнува желбите само на добрите луѓе!

Неделата по Велигден е полна со бројни убави обичаи и верувања. Бидејќи велигден се прославува три дена, денешниот ден е работен и верниците се враќаат на вообичаениот живот, а во селата на работата на поле и околу стоката.

Денешниот ден некои го нарекуваат црна среда, а други светла, бидејќи нашите прадедовци и дедовци верувале дека вечерва задолжително треба да се гледа во небото и да се чека знак!

Имено, верувале дека ако вечерва небото биде без облаци, ведро и ѕвездено-годината ќе биде родна. Ако има облаци, годината до следниот Велигден ќе биде тешка, година на беда и сиромаштија.

Се верува дека оној кој вечерва ќе здогледа ѕвезда што паѓа ќе биде среќен во следната година, но се верува дека оние на кои неодамна им умрел обавезно вечерва треба да погледнат во небо бидејќи таму ќе видат како паѓа ѕвездата која му „припаѓала“ на починатиот.

Според народното верување среда е мошне поволен ден, а особено млада среда, за секоја активност и преземање на важни чекори. Во некои делови ова е варовна среда, која се нарекува водена, бидејќи е посветена на водената стихија-да не се уништат посевите, што во време на пролетните дождови често се случувало.

Во минатото многу се внимавало на тоа луѓето да се воздржуваат од секоја зла мисла или лошо дело. Особено во среда, бидејќи оној што ќе згреши во среда-гревот му останува до судниот ден. Ова народно верување е засновано на фактот дека меѓу светителите единствено Света Среда нема црква која и е посветена, па оттука грепникот нема каде да се исповеда и да бара простување за гревот. Кој ќе згреши во среда, гревот му останува засекогаш…

Прегледи:
388
Објавено на:
19.04.2017