Преку 300 милиони луѓе во светот патат од депресија, а меѓу нив повеќе има жени. Се проценува дека бројот на депресивни луѓе ќе се зголемува.
Помеѓу помладата популација (на возраст од 14 до 25) има двојно повеќе депресивни девојчиња и девојки, отколку момчиња и момци. Научниците одлучиле да истражат поради што жените се најранлива група.
На невролошко поле, анхедонијата претставува намалена активност во подрачјето на мозокот кое реагира на надградување, нарачена ventral striatum.
Ги поделиле во две групи, контролна/placebo група и група во која дале ниски дози на ендотоксин. Два часа подоцна, кога ендоксинот почнал најсилно да делува во мозокот, им дале да решат задача за која ќе бидат парично наградени. Притоа, мозокот им е сниман со магнетна резонанца.
Мозокот на мажите, во делот кој реагира на надградувањето, различно се однесувал од мозокот на жените. Кај жените ендотоксинот (во споредба со placebo групата) довел до намалување на активностите во полето на мозокот кое реагира на надоградување, додека кај мажите тоа не е забележано.
Ова укажува на тоа дека жените со хронично воспалително пореметување се поподложни на развој на депресија од мажите. Ова е прва студија која докажува дека мозокот на мажите и жените реагира различно на исти дразби, што игра важна улога во развојот на депресијата.