Категории

Кој се заљубува побрзо, мажите или жените?

Знаеме дека љубовниот занес не е љубов, но е вистинскиот пат до љубовта. Точката од која завршува занесот, а почнува љубовта, за многу парови претставува и крај на врската. Тоа се случува кога луѓето ги мешаат поимите љубов и љубовен занес, а кога занесот престанува мислат дека е крај на се.

Истражувањата покажуваат дека мажите се заљубуваат побрзо од жените. Во 2011-та година 54 мажи потврдиле дека се заљубиле на прв поглед, додека истото го доживеале само 44% од жените.

Момците веќе на првиот состанок може да пресудат дали таа е вистинска за нив, но секако потребно е повеќе време за да соберат повеќе информации за девојката.
Жените пак се тие кои постојано се раcпрашуваат за потенцијалниот партнер и тоа го споделуваат со пријателите и фамилијата. Мажите пак кога се заљубени обично не се заинтересирани за туѓото мислење.

По ова сигурно може да да заклучите дека момците побрзо и полесно остануваат повредени, бидејќи полесно им се препуштаат на жените притоа не замајќи во предвид дека може да им се случи нешто негативно.

Момците би требало да си дозволат повеќе време, а вие девојки бидете внимателни со нивните емоции, не им давајте лажна надеж доколку не сте сериозни за врската.

 

извор: hybread.mk

Прегледи:
605
Објавено на:
05.11.2017