Категории

Кој си ти кога никој не гледа? – Дали ти се допаѓа одразот во огледалото?

Кои се твоите најголеми грешки, но најважното кои се нештата кои си ги научил од нив?
Како звучат разговорите кои ги водиш кога сиот свет ќе заспие во глуво доба во ноќта? Оние кои ги водиш и со себе кога твојата маска паѓа и вистината останува гола пред тебе? 

Кој си ти кога никој не гледа? Ккао се однесуваш кога околу себе нема публика? Каква музика слушаш, кој музичар на напишал песната во која најмногу се пронаоѓаш? Кој си ти кога си сам во својот кревет во твоите омилени пижами?
Кои нешта толку силно ги посакуваш што не поминува ноќ да не помислиш на нив пред да ги склопиш очите? Кој си ти кога си најранлив? Кои се нештата кои го распарчуваат твоет срце?
Кои се твоите најголеми грешки, но најважното кои се нештата кои си ги научил од нив?
Како звучат разговорите кои ги водиш кога сиот свет ќе заспие во глуво доба во ноќта? Оние кои ги водиш и со себе кога твојата маска паѓа и вистината останува гола пред тебе?
Кој си ти кога никој не гледа, дали ти се допаѓа личноста во која се претвораш?

Се надевам дека тогаш си љубезна личност. Се надевам дека знаеш дека оригиналноста и автентичноста се најдрагоценото нешто кое можеш да го поседуваш и кое на светот му е најмногу потребно. Се надевам дека музиката која ја слушаш зборува за личност која поминала низ многу нешта но никогаш не ја изгубила надежта. Се надевам дека позади затворени врати кога си во своите пижами сеуште сметаш дека си убава личност и го прифаќаш својот вистински одраз во огледалото.

Се надевам дека знаеш дека ранливоста не е слабост. Се надевам дека си простил на себеси за сите грешки и го правиш тоа и понатаму. Се надевам дека пред да ги затвориш очите размислуваш за сите оние убави нешта кои наскоро ќе ги оствариш, се надевам дека си задоволен од местото во животот во кое се наоѓаш иако не е идеално но го цениш затоа што твоето срце е убаво.
Се надевам дека си во мир со себеси..

Прегледи:
634
Објавено на:
31.08.2020