Веб страната Match.com спроведе истражување во кое ги праша мажите што повеќе сакаат по првиот состанок – девојката прва да се јави или таа да чека тие да и се јават?
Мислењата секако се поделени…
# Девојката прва да се јави…велат 35% од испитаниците, додавајќи дека не се одушевени од старомодниот начин и приказната за џентлмени.
Велат дека сакаат девојки кои превземаат иницијатива и дека нема брзо да се “оладат“ ако дамата им стави на знаење дека е заинтересирана повторно да се дружи.
# Девојката да почека...овој став го делат 55% од испитаниците. Себе се сметаат за ловци, па затоа преферираат девојка која треба да се освојува.
Секако, нема да го изгубат интересот за неа, ако таа прва се јави но сепак овој начин им е помил.
# Сеедно им е…на 10% од нив. Ако таа прва се јави е ок, а ок е и ако тие треба да го преземат првиот чекор.
На крајот на денот се чини дека сепак се зависи од тоа на каков човек ќе наидеме.