Категории

Кој успеа да ја освои Хурем султан?

Со фотографијата која викендов Мерјем Узерли ја објави на Фејсбук ги израдува своите фанови. На неа е со колегата Озен Гувен.

И додека во турскиот хит “Величенствениот Сулејман” тие двајца беа големи противници, позади камерите се многу блиски. Кон крајот на 2014 година за прв пат се појави вести дека Мерјем и Озен се забавуваат.

Врската прво ја криеа од медиумите, но папараците умно ги надмудрија во неколку наврати. Мерјем е сликана пред неговата куќа во Истанбул со ќерката Лара (2), која ја добила со турскиот бизнисмен Џан Атеш.

@ozan.guven #anneminyarasi Greetings from us / selamlar ???

Posted by Meryem Uzerli on Saturday, February 13, 2016

Нова љубов или големо пријателство – се прашуваа многумина. Потоа следеше нивниот заеднички филм “Annemin Yarasi”, па Мерјем и Озен имаа уште едно оправдување за брдото заеднички фотографии – поради соработка.

Меѓутоа ова нова фотоградфија кажува друго – популарната Хурем и познатиот турски актер се повеќе од пријатели и соработници. А нивните фанови се пресреќни поради оваа информација. Не престануваат да им упатуваат честитки.

Озен во животот на турската ѕвезда влегол после нејзината бурна врска со Атеш. Раскинувањето со турскиот милијардер навистина било повеќе од бурно. Одуката актерката да ја роди Лара ја донела без поддршка на Атеш, а тогаш се борела со неговото барање тој да го превземе целото старетелство над девојчето. Таа битка на крајот ја доби Мерјем.

Паралелено со нејзините љубовни проблеми доаѓале и оние работните. Во тоа време Мерјем поради психички проблеми морала да се откаже од снимањето на серијата “Величенствениот”.