Категории

Кој вид на женственост доминира кај вас?

Женственоста е карактеристика која ја поседува секоја жена. Сепак, постојат 4 видови на женственост кои жените ги поседуваат. Но, само една од нив доминира во одредени периоди.

Првиот вид на жественост се нарекува мајка. Жената која ја поседува оваа женственост помага, подучува, овозможува љубов и чувство на сигурност. Таа реагира на нештата што се во процес на настанување, што не се доволно развиени и имаат потреба од заштита, или пак едноставно се во опасност. Мајката наоѓа исполнување во врските каде што е потребна заштита и помош. Што се однесува до негативниот аспект, овие жени имаат чувства на анксиозност, грижи и недостаток на верба во сопствените сила и самостојност.

Љубовницата е вториот вид на женственост, која е насочена кон создавање цврста врска со својот партнер или сопруг, кому целосно е предадена и посветена. Љубовницата секогаш бара начин да ја зацврсти врската, блискоста, длабочината и поврзаноста. Негативната страна произлегува од можноста за нерамнотежа во вреднувањето на односот, поради што таа добива нереална слика за односот.

Амазонката има многу слично размислување со мажите во однос на животот и светот. Таа многу добро ги разбира културните и социјалните вредности на своето време и најчесто си е доволна самата на себе. Овие жени се насочени кон кариера, сакаат да се натпреваруваат, притоа оставајќи ги своите проблеми на второ место или зад себе. Што се однесува до негативниот аспект, оваа женственост се карактеризиа со недостатокот на трпение и разбирање.

Последната женственост е посредничката. Таа е духовита, има силна интуиција и може да ги идентификува сите психолошки „вибрации“ во атмосферата околу неа. Секогаш успева да ја открие длабочината на емоциите на другите луѓе. Преку уметноста, психологијата, астрологијата таа успева да го пренесе тоа што го гледа и чувствува. Негативната страна е тоа што таа мора да работи на себе повеќе од другите жени.

Прегледи:
730
Објавено на:
10.02.2018