Категории

Која боја ќе ја изберете? Овој психолошки тест ќе ја открие вашата личност

Постојат различни теории кои ја поврзуваат нашата личност со изборот на боите – се разбира, овој избор може да биде само прашање на вкус. Сепак, во психологијата, афинитетот кон одредена боја е поврзан со моменталната состојба на поединецот – неговите емоции, ставови, намери. Еден од психолошките тестови од овој тип е тестот за боите Lüscher. Изберете ја бојата и дознајте на кој начин истата зборува за вас и вашите чувства.

Црвена

Ако вашиот прв избор е црвената боја, тоа значи дека сте страствена личност, подготвена да дадете многу за да се докаже. Вие сте личност која сака да биде препознаена и забележана. Во вас постои потреба да бидете најдобри, во секој аспект од вашиот живот.

Жолта

Вие сте непомирлив оптимист, а светот го гледате преку розеви очила. Тоа не значи дека сте идеалисти. Свесни сте за вашите способности и точно знаете што и кога треба да правите за да го извлечете максимумот.

Портокалова

Можеби немате премногу амбиции и соништа, ниту пак сакате да освојувате големи височини, но тоа не значи дека сте инертни. Вие сте свесни дека за сé е потребно време. Секогаш сте фокусирани на мали работи, се грижите за блиските луѓе и за сите имате доволно време.


Зелена

Во вас постои постојана борба помеѓу личната слобода и загриженоста. Затоа сте често контрадикторни во вашите постапки, а понекогаш делувате ирационално. Ве разбираат единствено личностите кои се како вас.

Розева

Го сакате животот, хедонисти сте и уживате во малите нешта. Ништо не земате здраво за готово, а животот го цените како дарба. Понекогаш сте расеани, затоа е добро повремено да бидете повнимателни.

Виолетова

Оваа боја открива дека живеете токму како што сакате. Имате доволно сила и вера во себе за да го постигнете она што го сакате. Вие сте многу чувствителни и имате време и разбирање за другите луѓе.

Сина

За вас е најважно да постигнете баланс во животот. Токму тоа и го правите – барате совршена рамнотежа која ви одговара. Сакате да живеете здраво и повремено да патувате. Златната средина е вашата животна филозофија.

Сива

Вие сте суров реалист. Луѓето често се плашат од вас, бидејќи делувате авторитативно. Позади сивата боја стојат луѓе кои делуваат ладно, но всушност се емотивни и чувствителни, кои се кријат зад маската која е механизам на одбрана.