Категории

Која е идеалната разлика во годините помеѓу партнерите?

Дали врската со помлад маж е клучна за добар љубовен живот, или можеби со постар? Еве го одговорот.

Квалитетната врска и односот помеѓу партнерите зависи од повеќе фактори. Разбирање, пожртвуваност и секако љубов се клучни за упсех на секоја врска и брак, но се чини дека и за врската и бракот има математичка формула која се крие во разликата во годините.

Имено, според истражувањето спроведено на 3.000 жени и мажи низ Европа, постои формула која ги зголемува шансите за успех на врската или бракот. Станува збор за разликата во годините меѓу партнерите, за која како што тврдат научниците има идеална бројка.

Според објаснувањето на психолог, врската во која мажот е постар од жената 5 години има најголеми шанси за успех. Спротивно на тоа, врските во кои мажот е постар 20 години или повеќе имаат најмали шанси за квалитетен заеднички живот.

Докажано е дека жените емотивно созреваат многу порано од мажите, па затоа разликата од 3 до 5 години е доволна за партнерите да бидат на исто емоционално ниво.

Од друга страна, партнерите од различни генерации речиси сигурно ќе имаат различни погледи на животните вредности, различни вкусови и ставови, поради што со тек на време може да дојде до несогласици кои не можат да се решат.

Прегледи:
779
Објавено на:
26.04.2018