Категории

Која е идеалната температура за консумирање Jägermeister?

Вкус кој никого не остава рамнодушен, пијалок кој се состои од многубројни билки, зачини, цветови, овошја кои предизвикуваат уживање во единствената арома. Наменет е за сите оние со истенчен вкус и секогаш е дел од забавите во баровите, клубовите, рестораните.

Број еден и на социјалните мрежи

Jägermeister е глобален бренд кој покрај големата продажба бележи успех и на социјалните мрежи со најразличните и необични промоции. Со речиси 6 милиони фанови на Фејсбук и 400.000 следбеници на Инстаграм, Jägermeister е влијателен бренд и на социјалните мрежи, опфаќајќи голема таргет група.

Меѓутоа, дали го консумираме Jägermeister на вистински начин?

Доколку нарачате Jägermeister во некој од угостителските локали, голема е веројатноста дека ќе го добиете својот Jäger послужен со лед и парче портокал. Меѓутоа, по препорака на произведувачите, Jägermeister се пие чист, ледено студен, на шотови, со фокус на неговиот чист вкус сервиран во оригинална Jägermeister шот чаша. 56 различни билки, цветови, овошја и корења од повеќе од 31 земја во светот (меѓу кои трагите од цитрус, ѓумбир и ѕвезден анасон се најистакнати) создаваат комплексен и единствен, благо-горчлив вкус.

За да се создаде идеална температура, произведувачите дизајнирале посебна машина за ладење и точење која овозможува сервирање и консумација на -18°Ц. Тап машината е револуционерен производ на оваа компанија, чија цел била да во угостителството овој ликер на билна база секогаш да биде при рака на љубителите на Jägermeister како би биле сигурни дека е оладен и послужен на вистинската температура.

Следен пат кога ќе го посетите вашиот омилен локал, обрнете внимание на дали на шанкот има тап машина и побарајте ледено-студен шот.

Покрај сѐ, најважно е да се напомене дека овој бренд низ своите активности секогаш промовира и повикува на одговорно консумирање алкохол.

Прегледи:
1470
Објавено на:
25.11.2019