Категории

Која е најмалата работа на светот, тато? Животот сине, само почни да живееш и веќе си старец!

Животот на секој човек е единствен, нереален. Комплициран, а едноставен, како теорема. Може да биде краток како миг, а во исто време да опфати цела вечност. Оваа прекрасна приказна за таткото и синот и животот и за тоа како голема работа како животот може да биде најмала работа на светот ќе ве воодушеви!

– Тато, што е најмалата работа на светот?

– Човечкиот живот, душо. Само почни да живееш и веќе си старец.

– Да, но физичарот рече дека тоа е електронот. Добро… Но, што е најголемата работа на светот.

– Човечкиот живот. Во состојба сме да направиме толку големи грешки што ни правнуците не можат да ги исправат.

– Но, тато, географичарот рече дека тоа е Екваторот. А што е најценето?

– Човечкиот живот, сине.

– Точно! Тоа го учевме! А што е најевтино?

 Човечкиот живот, мило. Луѓето се во состојба да го менуваат за било што.

– Тато, од историја учевме дека најевтина била работната рака на робовите – тоа е нешто најевтино во историјата. Заборави? Нема врска, кажи ми која е најкомплицираната теорема на светот?

 Човечкиот живот, сине. Секој ден од утро до вечер мораме нешто да докажуваме и пред себе и пред другите.

– Не! Тоа е Ферматовата теорема, ни кажа математичарот! Тато, па ти навистина си смешен! А знаеш ли која е наједноставната клетка?

– Човечкиот живот. Нема прозори со брави, ниту врати со кваки, ни паметни часовници, но од него честопати нема излез.

– Тато, те прашувам за биологија! Што се смееш? Дали е вистина дека Ајнштајн бил најпаметниот човек на светот?

– Најпаметен е оној кој се родил најдоцна.

– А кој е најубавиот?

– Оној кој никогаш не се гледа во огледало.

– А најљубезен е оној кој им угодува на сите?

– Најљубезен е оној кој не се штеди себеси.

– Тато, мама вели дека ти си секогаш во право.

– Секако дека не сум.

 А кој е?

– Ти.

– Зошто тато?

– Затоа што си млад. Запомни го тоа. А сега спиј. Ќе не убие мама ако види дека се буден…

Прегледи:
449
Објавено на:
11.09.2021