Категории

Која е причината што Принцот Џорџ постојано го облекуваат во шорцеви?!

Кралското семејство е секогаш стилски и беспрекорно облечено, а зад славниот пар Кејт и Вилијам, не изостануваат и нивните деца. 

VICTORIA, BC - SEPTEMBER 29:  (NO UK SALES FOR 28 DAYS) Prince William, Duke of Cambridge, Catherine, Duchess of Cambridge, Prince George of Cambridge and Princess Charlotte of Cambridge attend a children's party for Military families during the Royal Tour of Canada on September 29, 2016 in Victoria, Canada.  (Photo by Pool/Sam Hussein/WireImage)

Можеби сте забележале, а може и не, но принцот Џорџ е постојано во шорцеви и никогаш не носи долги панталони. Не ви се верува? Погледнете.

LONDON, ENGLAND - DECEMBER 13:  (Getty Images provides access to this publicly distributed image for editorial use only and is not the copyright owner. No Sales - No Commercial Use) In this handout image of three released on December 13, 2014 by Kensington Palace, Prince George sits for his official Christmas picture in a courtyard at Kensington Palace in late November of 2014 in London, England.  (Photo by The Duke and Duchess of Cambridge/PA Wire via Getty Images)

gettyimages-477193292

gettyimages-479559622

Овој негов стил не е без причина, носењето на шорцеви не е хир на мајка му која можеби мисли дека тој е многу сладок во нив, туку тоа има подлабоко значење. За оваа проблематика бил консултиран екпертот за бонтон expert William Hanson за да се расчисти прашањето, зошто принцот Џорџ е постојано во шорцеви, иако времето во Британија не е баш соодветно за тоа.

Според Hanson „Тоа е многу англиска работа момчињата да се облекуваат во шорцеви. Панталоните се резервирани за постари момчиња и мажи, а шорцеви на мали момчиња се тивок индикатор на класата. Иако времињата се менуваат, долги панталони на младо момче се смета дека одговара на средната класа. Никој почитуван аристократ или член на кралско семејство не би сакал да се смета за пригратски. Дури ни Војвотката од Кембриџ.“

2016 Royal Tour To Canada Of The Duke And Duchess Of Cambridge - Victoria

Експертот исто така истакува дека во овој случај на кралско семејство веројатно се работи за традиција, а не за истакнување на класата, бидејќи не е вообичаено за нив да го прават тоа. Оваа традиција ја преживеале и Вилијам и Хари, а момчињата околу 8 годишна возраст се сметаат соодветни за големите панталони.