Категории

Која е тајната на синиот прав Blue Majik?

За многумина сините рецепти делуваат вештачки, бидејќи луѓето сметаат дека имаат еден тон боја, очигледно не се запознаени со нивната тајна. Синиот прав Blue Majik е екстракт во прав од сино-зелени алги, добиен од спирулина.

Синиот прав е полн е со витамин Б, протеини, ензими, минерали и аминокиселини со против-воспалително дејство. Исто така помага во варењето на храната и спречува болести поврзани со мозочните функции.

Blue Majik е антиоксиданс помоќен за 22 пати од спанаќот и 6 пати помоќен од боровинките. Прашокот може да се користи како додаток во разни коктели, смутија, овесни каши, мафини, колачи, ладно цедени сокови, па дури и во кафиња.

Прегледи:
398
Објавено на:
27.01.2018