Категории

Која е вашата омилена положба за спиење? Еве што кажуваат стручњаците за тоа!

Постојат позиции при спиење кои се добри или лоши за вашето здравје. По некои истражувања, одредени пози би требало да избегнувате. Ова се четирите позиции во кои луѓето најчесто спијат и погледнете како влијаат на вашето здравје.

 

1. Во положба на фетус

Таа поза може да му сигнализира на нашиот нервен систем дека не сте потполно опуштени дека сакате да побегнете или се борите со нешто, па поради тоа не е безбедноо да заспиете. Наместо оваа позиција, се препорачува спиење во отворена положба бидејќи тоа овозможува да се отвори подрачјето на белите дробови што им овозможува на луѓето да дишат длабоко. Трудете се да ја избегнувате оваа поза.

 

2. Спиење на страна

Спиењето на една страна од телото е најдобра положба во која можете да заспиете. Се препорачува употреба на перница под главата. Од невролошка перспектива, како и за мускулите и дишните патишта, оваа позиција е најдобра за телото. Сепак, за варењето на храната, најдобро е да спиете на левата страна.

 

3. Спиење на стомак

Спиењето на стомак е најлошиот избор. На овој начин притисокот се префрла на мускулите на главата, вратот и вилицата, а исто така може да го ограничи долниот дел од грбот. Замислете си како цедите мокар пешкир – тоа е она што им се случува на вашите мускули и зглобови додека спиете на стомак. Згора на тоа, веројатно ќе се разбудите вкочанети, а тоа може да ја зголеми можноста за болки во мускулите и зглобовите.

 

4. Спиење на грб

Според многу стручни лица, токму спиењето на грб е најдобриот избор за добро здравје и квалитетен сон. Добро е да спиете на грб со главата, вратот и горниот дел на грбот во малку подигната позиција. Ова ви дава одмор за рамениците и грбот, а исто така, помага во случај на рефлукс, кога желудечната киселина се враќа во хранопроводот.

 

Прегледи:
537
Објавено на:
26.06.2018