Категории

Која храна го забрзува стареењето?

Стареењето е процес со кој сите се соочуваат. Меѓутоа, кај некои луѓе знаците на стареење се појавуваат побрзо, за разлика од други кои што имаат многу младолик изглед. На брзината на стареење на телото влијаат многу фактори. Еден од нив е и начинот на исхрана.

Нутриционистите препорачуваат да се конзумира секој вид на храна, но во умерени количини. Сепак, постојат намирници чија конзумација треба да се сведе на минимум, бидејќи токму тие влијаат на стареењето на организмот и доведуваат до сува кожа и појава на брчки, а со тоа и до побрзо стареење.

Намирници чија конзумација треба да биде минимална:

  • Шеќер

Шеќерот ги уништува протеините и липидите, доведува до зголемен број на килограми и не влијае позитивно на организмот кога се внесува во големи количини. Затоа препорачливо е неговата конзумација да се ограничи.

  • Алкохол

Алкохолот во телото насобира токсини кои најмногу се фокусираат на кожата. Иако дел од овие токсини се исфрла преку потта, тие ја оштетуваат кожата и доведуваат до нејзино побрзо стареење.

  • Сол

Големи количини на сол доведуваат до задржување на течностите во телото, а тоа влијае лошо на кожата која во такви услови е склона кон создавање на брчки.

  • Кафе и кофеински пијалоци

Кофеинот има обратен ефект од солта и тој ја извлекува водата од организмот, а тоа доведува до дехидратација, што пак резултира со забрзано стареење.

  • Похована храна

Похованата храна содржи голем број на нездрави масти кои им штетат на кожата и телото и доведуваат до неправилна работа на кардиоваскуларниот систем. На тој начин се намалува циркулацијата до кожата и со самото тоа на неа се јавуваат повеќе брчки.