Иако некои партнери раскаскинуваат затоа што и двајцата тоа го сакаат, сепак, за други, раскинувањето навистина е многу болно. Причините поради кои луѓето раскинуваат се многубројни. Најчесто тие се зафатени и немаат време да се посветат на врската, понекогаш, им треба време за бидат сами и да се запознаат подобро себеси. Но, постои само една причина која предизвикува најголема болка.
Оставите луѓе најмногу ги боли доколку се оставени поради друга личност. Тогаш луѓето се чувствуваат отфрлено и исклучено. Иако е многу тешко, сепак треба да се пронајде начин како да се справите со ова чувство. Прво нешто што треба да направите е да ја прифатите реалноста. Колку и да е болно на почетокот и да изгледа невозможно, сепак е најдобро за вас. Исто така, многу е битно да се сетете се колку сте забавни, паметни и добри. Мислете на сите ваши неверојатни карактеристики.
Правете работи кои ве прават среќни, слушајте музика, играјте салса, излезете на пијалак со вашите најблиски, одете во кино. Организирајте некое патување со вашите родители или најдобри пријатели. Така ќе имате можност да заборавите одреден период на вашата поранешна љубов, но, и ќе имате можност да запознаете нови луѓе. Од каде знаете, можеби, некоја од новите личности повторно ќе предизвика да имате пеперутки во стомакот.