Кока Кола го лансираше својот нов „зачинет“ вкус.
Имено, вкусот е спој на традиционалниот вкус на Кока Кола плус малини и зачинети вкусови.
Истиот ќе биде достапен со шеќер и без.
Вкусот ќе се појави на полиците во САД и Канада веќе од наредните недели.
Кока Кола ја чувствува конкуренцијата од помалите брендови коишто произведуваат овошни сокови и го привлекуваат вниманието на потрошувачите.