Категории

Колач од кајсии кој ќе ги задоволи и најпребирливите! (РЕЦЕПТ)

Пазарите во овој период изобилуваат со кајсии. Тие се вкусни и здрави. А, со нив може да се зготви и совршен колач.

Потребни состојки:
– 4 јајца
– 150 гр. мелени бадеми
– 100 гр. брашно
-100 гр. путер
-100 гр. шеќер
– 2 кесички прашок за пециво
– малку презла

Начин на подготовка:
Измијте ги кајсиите, извадете ги семките, па исецкајте ги на мали парчиња. Плехот намачкајте го со путер и загрејте го за да се стопи. Во сад помешајте ги брашното, прашокот за пециво и бадемите. Во друг сад 5 минути миксирајте ги јајцата со шеќерот.
Путерот додадете го во смесата со јајца и шеќер. Потоа додадете ги брашното, бадемите и прашокот за пециво.
Истурете ја смесата во плех и одозгора распоредете ги кајсиите. Ставете го колачот во загреана рерна и печете на 180 степени околу 30 минути.

Пријатен апетит!

Прегледи:
1187
Објавено на:
28.06.2019