Завршувањето на една љубовна врска и почнување на друга не е нешто невообичаено. Но, колкава бројка на поранешни партнери е навистина премногу?
Британскиот портал за спојување на партнери „Seeking Arrangement“ направил анкета на 1 000 свои членови. Според одговорите на половина дами и 46% мажи, идеалниот број на партнери е 10, ни повеќе ни помалку.
Од друга страна пак, 36% од дамите и 42% од мажите би биле посреќни ако љубовта на нивниот живот има помало љубовно искуство.
Исто така, постојат и такви кои преферираат искусни личности, па 11% од понежната половина и 10% од посилната половина сакаат покрај себе личност кој имала помеѓу 10 и 30 партнери, додека само 3% од испитаниците бараат личност која имала повеќе од 30.
Научниците од Универзитетот Индијана понудиле решение за дилемата колку партнери треба да имате пред да започнете семеен живот.
„Соочени со оваа дилема, најдобра стратегија за избирање на брачен партнер е да излезете со доволен број на луѓе за да ги воочите основните стандарди, а потоа да останете со наредната личност која ќе го задоволи вашиот вкус“- објаснува Питер Тод. Според неговата формула тој број е 12.
Според него, ако сте излегувале со повеќе од 12 личности, најверојатно сте премногу избирливи.