Категории

Колкаво е просечното време од контактот со заболен до појавувањето на симптомите?

За да го измерат временскиот интервал, тимот на научници го посматрале времето потребно за појава на симптомите кај две личности заразени со визрусот, односно кај личност која заразува друга особа.

Тимот на научници од Америка, Франција, Кина и Хонг Конг успеа да израчуна колку изнесува серискиот интервал на вирусот а резултатот го објави во магазинот Emerging Ingectious Diseases.

За да го измерат временскиот интервал, тимот на научници го посматрале времето потребно за појава на симптомите кај две личности заразени со визрусот, односно кај личност која заразува друга особа. Истражувајќи откриле дека просечниот временски интервал на Covid-19 во Кина бил приближно четири дена.

Ова е исто така едно од првите истражувања во кое се проценува брзината на асимптоматскиот пренос. Брзината на епидемијата зависи од две нешта, односно од тоа колку личноста го заразува поединецот со коронавирусот и колку време е потребно инфекцијата да се прошири помеѓу луѓето.
Првата количина се нарекува со репродуктивниот број (R), а втор е серискиот интервал.
Краткиот сериски интервал на Covid-19 значи дека епидемијата брзо расте и е тешко да се запре, велат истражувачите.

„Еболата со сериски интервал од неколку недели, многу полесно се спречува од грипот, со сериски интервал од само неколку денови“, изјави Лорен Ансел Мејерс, професорка по интегративна биологија на Универзитетот Остин. Притоа изјави дека податоците откриваат дека коронавирусот може да се шири како и грипот, односно да има сличен временски интервал.

Мејерс и нејзиниот тим анализирале повеќе од 450 извештаи за случаите заболени од Covid-19 од 93 кинески градови и откриле цврсти докази дека луѓето без симптоми го пренесуваат вирусот, што е познато како предсимптоматски пренос. Според извештајот, повеќе од една во 10 инфекции биле пренесени од луѓе кои сеуште немале симптоми. До ова истражување научниците немаа јасен доказ за асимптоматското пренесување на вирусот.

Прегледи:
489
Објавено на:
11.04.2020