Категории

Колку често среќните парови објавуваат на Фејсбук?

Со светската доминација на Фејсбук и Инстаграм, и за љубовта како да настана ново правило – “сликај или како да не се случило”.

Ако некогаш моравме да користиме телефонски именици и говорници, или да ја бркаме симпатијата по училишните дворови и паркчињата, денес е доволно да го вклучиме смартфонот и веднаш да дознаеме каде е, со кого, и што прави.

Иако во голема мера ни ги олеснуваат работите, Фејсбук и Инстаграм како да станаа мерило за тоа колку се среќни современите парови. Модерната романтика опфаќа љубовни хаштагови, промени на љубовниот статус, профилни слики со партнерот… Но ваквите љубовни објави не секогаш значат дека таквите парови се во среќна врска.

Имено, бројните истражувања го откриваат токму спротивното, а тоа е дека среќните парови не се толку активни на социјалните мрежи затоа што немаат толку голема желба да им покажат на сите колку се среќни. Со други зборови, на среќните парови им е поважно да бидат заедно отколку да објавуваат статуси дека се заедно.

objvb

Среќните парови едноставно да трошат време на виртуелниот свет, уживаат во секој вистински момент и се потполно присутни во него. Ова не значи дека воопшто не објавуваат заеднички слики или слично, но објавуваат по 1-2 од време на време.

Во која категорија спаѓате вие? :)

Прегледи:
675
Објавено на:
07.10.2016