Новиот американски претседател Доналд Трамп уште не се всели во Белата Куќа, а веќе ја чини државата вртоглаво високи суми за обезбедување на него и неговото семејство.
Замислете – обезбедувањето за Доналд Трамп и неговото семејство чини неверојатни 1 милион долари на ден! Повторуваме, 1 милион долари на ден!
Властите во Њујорк велат дека никогаш порано се немаат сретнато со ваква ситуација, каде претседателот и неговот семејство одбиваат да се вселат во Белата Куќа и наместо тоа одлучуваат да живеат во строгиот центар на најпрометниот град на светот, што го прави нивното обезбедување неверојатно сложено и скапо.
Знаеме дека Трамп има доволно финансии сам да си го плаќа ова обезбедување, но останува да видиме колку долго њујорчани ќе го издржат ваквиот аранжман. :)