Категории

Колку долго спиете? Големите умови спиеле само по неколку часа на ден!

Психолозите и научниците тврдат дека спиењето е важно за нормалното функционирање и дека на возрасните личности им се потребни шест до осум часа квалитетен сон.
Меѓутоа, постои приказна дека големите умови како што се Тесла, Леонардо да Винчи, но и државници како Винстон Черчил и Томас Џеферсон не губеле време на спиење.

Според некои верувања, српскиот научник Никола Тесла спиел само по два до три часа дневно.

„Мислам дека не постои нити едно возбудување кое минува низ човечкото срце како што е она кое го чувствува изумителот кога ќе види некоја креација како се подигнува од светлото на денот. Таквите емоции го тераат човек да заборави да јаде, спие, да заборави на љубов..“ – велел Тесла.

И физичарот Исак Њутн спиел три до четири часа дневно, а доживеал длабока старост. Знаел да работи деноноќно без пауза, сон и храна.

Некои извори тврдат дека Леонардо да Винчи спиел по час до два дневно и тоа така што одмарал по 15 до 20 минути на секои четири часа. Постои мит дека додека ги создавал своите уметнички дела, умеел да остане буден и по 22 часа дневно.

Британскиот државник Винстон Черчил спиел три до четири часа дневно, но спиел попладне а како што вели легендата, Томас Џеферсон бившио амерички претседател поминувал само два часа спиејќи но така што спиел во неколку фази. Во писмата на своите пријатели често ги споделував своите спиечки навики кои никогаш не биле редовни.

Некои тврдат дека големиот француски војсководец Наполеон Бонапарта спиел од 12 до 2 во ноќта и од 5 до 7 наутро. Неговите офицери зборувале дека имал неверојатна способност после тешките битки да се регенерира за половина час спиење.

Прегледи:
411
Објавено на:
17.12.2021