Категории

Колку е љубоморен секој од хороскопските знаци?

Кај многу парови љубомората е најголемиот проблем, па честопати поради неа доаѓа до раскинување.

ОВЕН

Прилично е љубоморен, далеку над онаа нормална љубомора, а на тој начин покажува колку се гржи за партнерот. Страствен е во љубовта, а неговите љубоморни испади се еднакво страствени.

БИК

Умерената љубомора го обележува овој знак, но не сакаат да бидат такви бидејќи тоа за нив е напорно. Сакаат стабилни врски во кои нема да имаат причина за љубомора. Сепак, тоа понекогаш е посилно од нив, па ја поминуваат границата. Силни се кога станува збор за искушенијата.

 

БЛИЗНАЦИ

Не се премногу љубоморни бидејќи и самите сакаат да кокетираат и да бидат во центарот на вниманието. Причина за љубомора не ги сметаат туѓите погледи на партнерот, како ни неговото интензивно дружење со претставници на спротивниот пол. Меѓутоа, кога ќе добијат напад на љубомора, знаат да бидат досадни со прашања и коментари.

 

РАК

Многу се љубоморни, веднаш по Скорпиите, тие се најљубоморниот знак во зодијакот. Во врската бараат многу, но и даваат многу. Склони се кон драми и преувеличување поради што веднаш помислуваат дека се во лоша врска, иако тоа можеби не е така.

ЛАВ

Припадниците на овој знак имаат проблем со голема доза на љубомора, но тоа се обидуваат да го прикријат на сите можни начини, бидејќи имаат проблеми со егото. Сепак, луѓето кои добро ги познаваат веднаш го забележуваат тоа. Нивната љубомора понекогаш толку нема смисла, што може да изгледа смешна.

 

ДЕВИЦА

Дозата на љубомора кај Девицата е под просекот, бидејќи се многу посветени, па сметаат дека и нивниот партнер е таков. Меѓутоа, кога ќе посомневаат, ненаметливо обрнуваат внимание на деталите во односот на партнерот и ги сложуваат информациите.

ВАГА

По количеството на љубоморни испади, во однос на другите знаци, Вагата се наоѓа негде на средина. Ни премногу, ни премалку. И во тој аспект од животот се неодлучни. Во некои ситуации изгледа како да не можат да се одлучат – да бидат љубоморни или не?

СКОРПИЈА

Најљубоморниот знак во зодијакот е Скорпијата, а причина за сомнеж гледа буквално во се. Припадниците на овој знак, иако самите честопати зрачат со силен сексапил, им пречи доколку и нивниот партнер е таков. Најсреќни се во врска со личност која е подготвена целосно да им се посвети.

СТРЕЛЕЦ

Припадниците на овој знак, ретко кога се љубоморни бидејќи и самите имаат проблем со верноста. Освен тоа, многу се активни и друштвени и немаат време ни волја да се замараат со тоа. За нив совршена стабилна врска е онаа во која можат повремено да одлутаат во флерт и да не одговараат за тоа.

 

ЈАРЕЦ

Малку љубомора постои, но далеку под просекот. Припадниците на овој знак цврсто стојат на земја, посакуваат стабилна врска и склони се да веруваат, како и Девиците, па подразбираат дека партнерот им е верен бидејќи и тие се такви кон него.

ВОДОЛИЈА

Ова е најмалку љубоморниот знак во зодијакот. Толку ретко ги фаќа љубомора, што партнерите понекогаш се запрашуваат дали воопшто се грижат за нив. За нив се како да е рамно. Несигурни се во себе и знаат да одлутаат во вонбрачни афери.

 

РИБИ

Припадниците на овој знак се прилично љубоморни, повеќе од Бикот или Вагата, но помалку од Скорпијата, Овенот, Ракот и Лавот. Склони се кон долги и стабилни врски и мразат кога нешто ќе им го поремети тој концепт. Искрени се, па затоа кога имаат љубоморен испад знаат да му кажат се на партнерот.

 

Прегледи:
982
Објавено на:
18.05.2018