Категории

Колку е опасно по здравјето грицкањето нокти?

Член на американското дерматолошко здружение ги презентирал проблемите што демнат зад овие грди навики и зошто тоа може да биде опасно за здравјето. Под ноктите се скриени разни бактерии, како што се салмонела и E. coli, кои лесно ќе влезат во телото со гризење на ноктите. Овие бактерии лесно може да предизвикаат грчеви во стомакот и дијареа. при гризењето можат да настрадаат и кутикулите па местото да стане црвено и со оток. Од здружението предупредуваат дека со гризењето на ноктите не е ретко и пренесување на вирусот (ХПВ) од рака на уста и лицето. А со гризењето се оштетуваат и забите кои со тек на време можат да станат искривени. Оние кои гризат нокти често добиваат воспаление на непцата.

Според експертите гризењето на нокти често има психолошка позадина за која треба да се најде друго решение.

Извор: Самоздравје.мк

Прегледи:
573
Ознаки:
·
Објавено на:
21.08.2017