Категории

Колку ги цениме своите родители?

Додека растеме, честопати не живцираат родителите и тоа е неизбежен дел од детството. Кога сме многу млади, не ги разбираме вистинските причини за нивните постапки. Мислиме дека не срамотат, а не сфаќаме колку се жртвуваат.

Она што другите го говорат станува поважно отколку фактот дека ќе ја повредите личноста која би дала живот за вас. Во еден момент обично сфаќаме колку сме биле груби кон родителите, раскажал еден непознат автор во својата приказна „Мојата мајка имаше само едно око“. Следува таа приказна.

„Ја мразев, се срамевме од неа. Таа готвеше храна во моето училише за учениците и учителите. Еден ден влезе во мојата училница да ме поздрави. Подоцна пријателите се шегуваа со мене поради тоа. Ми беше срам. Речиси пропаднав во земја и сакав мојата мајка едноставно да исчезне. Кога ја видов повторно и реков дека ме засрамува и дека е подобро да умре. Мојата мајка не одговори ништо, само ме гледаше немо. Не застанав ни на момент да размислам за она што и го кажав, бев толку лут. Не ми беше гајле за нејзините емоции. Само сакав да си заминам од дома и да не ја видам никогаш.

Учев многу и напорно па добив можност да одам во Сингапур на студии. Таму се оженив, купив куќа и добив деца. Бев среќен и задоволен со својот живот. Но, мајка ми еден ден ми дојде на посета. Ме немаше видено со години, ни мене ни нејзините внуци. Се појави пред вратата, а моите деца почнаа да ја исмејуваат. Почнав да и викам: „Како се осудуваш да дојдеш во мојата куќа да ми ги плашиш децата? Веднаш оди си оттука!“

„Мојата мајка само тивко ми одговори: „Извинете, мислам дека ја згрешив куќата“, и исчезна…

По неколку години, добив писмо. Поканет сум на годишнина од матура. На жена ми и кажав дека одам на деловен пат. По прославата поминав и од родната куќа од чиста љубопитност. Кога ме видоа локалните жители ми кажаа дека умрела. Не пуштив ниедна солза. Ми предадоа едно писмо, за кое ми рекоа дека е од неа.

„Сине мој драг, мислев на тебе цело време. Извини што дојдов до твојата куќа и ги преплашив твоите деца. Ми беше мило кога слушнав дека си успеал во животот. Жал ми е што секогаш ти бев терет и срам. Знаеш, кога беше дете, се случи една несреќа и го изгуби окото. Како мајка не можев да поднесам да растеш без едно око. Докторите те прегледаа и ми рекоа дека е невозможно да прогледаш. Тогаш јас ти го дадов едното мое око. Бев горда бидејќи мојот син ќе може да го види светот и за мене.

Со љубов, засекогаш покрај тебе,

Твојата мајка“.

Не постои жртва која мајката не би ја направила за своето дете. Никогаш не го заборавајте тоа и никогаш не ги осудувајте родителите. Тие секогаш даваат и ќе дадат сѐ за среќата на своите деца.

Прегледи:
537
Објавено на:
23.12.2019