Категории

Колку ќарија оние кои од почетокот веруваа во Лестер?

Во знак на поддршка на својот клуб или можеби од инат, тие вложија по неколку фунти, а притоа и самите неверувајќи дека нивниот омилен тим може да им донесе добра заработувачка.

Од обложувалницата „Лендброукс“ за Бизнис Инсајдер изјавуваат дека тие примиле дури 47 влогови пред почетокот на сезоната дека Лестер ќе ја освои Премиер лигата. Во тој период коефициентот изнесуваше неверојатни 5.000 спрема 1, што во превод значи за една вложена фунта ќе заработите пет илјади фунти.

Од тие 47 влогови, 24 се уште се актуелни, бидејќи дел од навивачите се одлучија да ги наплатат влоговите на половина од сезоната, кога „Лисиците“ беа на врвот на табелата, но никој не веруваше дека ќе издржат до самиот крај.

Имаше и такви кои влегоа и во загуба. Од полусезоната обложувалниците почнаа да нудат солидна сума за предвремена исплата на тикетите. Еден навивач предвремено го наплати својот тикет од 50 фунти и за истиот доби 72 илјади фунти. Доколку ризикуваше до крајот добивката ќе му изнесуваше 250.000 фунти.

„Лендброукс“ проценуваат дека за шампионската титула на Лестер ќе треба да исплати околу 3 милиони фунти. Најмалиот облог на Лестер изнесува 10 пени, за што човекот ќе добие 500 фунти. Поголемиот дел од обложувањата се на 5 и 10 фунти за што добивката е 25 односно 50 илјади фунти.

„130 години примаме обложувања и никогаш до сега не сме виделе да се случи нешто слично. Ретко се гледаат 5000/1 коефициент, а уште поретко се случува истиот да биде добитен. Ова е преседан и нема никаква споредба“, објаснуваат претставниците на „Лендброукс“.

Прегледи:
310
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
03.05.2016