Категории

Колку повеќе време поминувате со вашата мајка, толку подолго ќе живее!

Истражувачите од Калифорнискиот Универзитет открија дека осаменоста игра важна улога кога се работи за подоцнежната возраст – кога ја викате вашата баба на ручек, тоа буквално ѝ го продолжува животот!

Во студијата биле вклучени 1.600 луѓе со просечна возраст од 71 година. Без разлика на нивниот социоекономски статус и здравје, тие што се изјасниле дека се осамени имале повисока стапка на смртност. 23 проценти од испитаниците кои се изјасниле дека се осамени, починале во рок од шест години од почетокот на истражувањето. Наспроти тоа, истото се случило со само 14 проценти од испитаниците кои се изјасниле дека се сакани од своето семејство.

Потребата за луѓето кои ги познаваме, кои не’ ценат и кои ни носат радост никогаш не исчезнува, вели Барбара Московиц за списанието “The New York Times”, која е социјален работник за постари лица.

Затоа, имајте повеќе трпение и одвојте повеќе време за најстарите членови на вашето семејство – вашата љубов им значи повеќе отколку што можете да замислите, а еден ден ќе посакате да сте биле повеќе присутни и погласно да сте ја искажеле вашата љубов.

Не чекајте да биде предоцна, направете го тоа денес! :)

Прегледи:
388
Објавено на:
03.01.2017