Некои луѓе се навистина примамливи за комарците. Науката сега има и логично објаснување зошто овие четири групи на луѓе се неодоливи за нив.
„Несомнено е дека некои луѓе се попривлечни за комарците поради одредени хемикалии и поради нивната посебна кожна флора“, тврди ентомологот Џозеф Конлон.
Трудници
Комарците, попрецизно женките, ги привлекува јаглеродниот диоксид кој луѓето го произведуваат додека дишат. Имаат посебни рецептори со кои го препознаваат. А зошто баш трудниците? Бремените жени издишуваат повеќе јаглероден диоксид во подоцнежната бременост и тоа дури за 21% повеќе отколку жените кои не чекаат бебе.
Жените во поодмината бременост привлекуваат двојно повеќе комарци. Трудниците испуштаат и некои миризби кои ги привлекуваат инсектите.
Луѓето кои вежбаат
Комарците се особено агресивни доколку намирисаат некој што трчал во моментот, вежбал или имал некоја друга физичка активност. Ги привлекуваат млечни киселини кои во тој случај повеќе се произведуваат во мускулите, а се лачат низ потта.
Оние кои пијат алкохол
Студија спроведена во Африка покажала дека мажите кои пијат пиво се „вкусен залак“ за комарците, за разлика од оние кои пијат вода. Некои стручни лица сметаат дека тоа се случува бидејќи алкохолот ја зголемува темпертурата на телото, а за комарците тоа е неодоливо.
Луѓето со крвна група 0 (нулта)
Комарците најмногу ги сакаат луѓето со крвна група нулта, покажало едно истражување. Луѓето со крвна група нулта имаат склоност да лачат одредени миризби кои се атрактивни за комарците. Но, луѓето со оваа крвна група пак, имаат најмала шанса да заболат од најсмртоносниот облик на маларија – болест која ја пренесуваат комарците.