Категории

Комисијата за заразни болести бара од утре затворање на сите училишта и градинки 14 денови

Градинките, основните и средните училишта и сите воспитно-образовни институции да бидат затворени во наредните 14 дена, како заострена мерка поради превенција од ширење на коронавирусот, предложи денеска Комисијата за заразни болести.

Предлогот е доставен до Владата која денеска ќе одржи седница и на која ќе биде донесена конечната одлука.

Исто така, Комисијата предлага да се воведе забрана за сите јавни собири, сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз.