Категории

Компанија започнува со производство на пијалaци кои содржат канабис

Компанијата “Constellation Brands” под чија сопственост се брендовите “Corona”, “Modelo” и  “Sveddka” подготвена е да инвестира 200 милиони долари за производство на пијалaци кои содржат канабис.

Директорот на компанијата, Роб Сандс, изјави дека оваа идеа не е изненадување, со оглед на тоа дека канабисот стана легален во многу американски земји.

Тој исто така предвидува дека марихуаната ќе стане легална низ Соедниетите Американски Држави.

Потрошувачката на алкохол се намалува, така што ова е нов начин за слични компании да го продолжат својот бизнис. Во меѓувреме, бројот на корисници на канабис на возраст меѓу 18 и 25 години се зголемува. Во изминатите седум години бројот на корисници кои конзумираат канабис е зголемен за 4,6 проценти, додека потрошувачката на алкохол е намалена за 22 проценти.

Прегледи:
391
Објавено на:
31.10.2017